Ревизија на безбедноста во сообраќајот на локални проекти за патна инфраструктура, подготовка на водичи и обезбедување на обука за општинскиот кадар и подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот.
Реф. Бр.
LRCP-9034-MK–RFP-CS-CQS-A.1.1.2
Целта на консултантските услуги е да ги поддржи Владата на Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски во форма на техничката поддршка за Ревизија на безбедноста на патиштата од инфраструктурните проекти за локални патишта, изработка на насоки и обезбедување обука за општинскиот персонал и подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Конкретни цели на задачата се:
- Проверка на безбедноста и испитување на карактеристиките на инфраструктурниот проект за локален пат со цел идентификување и дефинирање, колку што е можно попрецизно, на елементите на проектот за патна инфраструктура или елементите на новореконструиран или рехабилитиран пат кои може лошо да влијаат на безбедноста во сообраќајот;
- Обезбедување на најдобрите меѓународни практики за безбедност на пат при проектирање локални патишта и имплементација на подобрувања на локалните патишта;
- Градење капацитети на општините за Управување со безбедноста на локалната патна инфраструктура (УБЛПИ);
- Подобрување на безбедноста на патиштата во близина на основни училишта.
Услугите ги вклучуваат следните задачи:
- Задача 1: Спроведување ревизија на безбедноста на патот (РБП) на одбрани инфраструктурни проекти за локални патишта во рамките на ППЛП;
- Задача 2: Изработка на Водич за управување со безбедноста на инфраструктурата на локалните патишта (УБИЛП);
- Задача 3: Обезбедување обука за општинскиот персонал за Управување со безбедноста на инфраструктурата на локалните патишта (УБИЛП);
- Задача 4: Подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот.