За проектот

Проектот за поврзување на локални патишта е поддржан со 107 милиони ЕУР заем од МБОР за финансирање на инвестиции во инфраструктурата на општинските патишта и улици, вклучително и соодветно поврзани процеси на консултација и подготвителни процеси (70 милиони ЕУР) и Компонента за непредвидени итни реакции (КНИР) (37 милиони ЕУР). Најголемиот дел од средствата од заемот (65.3 милиони ЕУР) се главно поврзани со рехабилитација и подобрување на патиштата (62.8 милиони ЕУР) со кои ќе се поддржат приоритетните инвестиции идентификувани од страна на општините за рехабилитација/реконструкција на општинските патишта и улици од приближно 450 км, со цел подобрување на квалитетот, безбедноста и отпорноста, како и пилот инвестиции во инфраструктурата поттикнати од заедницата (2.5 милиони ЕУР) кои може да вклучуваат мерки за подобрување на: а) безбедноста, како на пример тротоари, велосипедски патеки, дополнително улично осветлување, автобуски засолништа, подобрување на приклучоците, порамнување на патот и пешачки премини; б) климатска отпорност, како на пример стабилизација на насипи и работи за одводнување; и в) јавен транспорт и училишен автобуски превоз; и г) дел од финансиите може да се насочат за ранливите групи, вклучително и ромите. Подобни за финансирање се локални патишта/улици во рурални и урбани општини, посебно оние кои ќе овозможат пристап за граѓани до места кои се од суштински јавен интерес и употреба (здравство и образование, спорт, храна и пазар на трудот, верски институции и места, јавни институции, владина администрација, комерцијални објекти меѓу кои земјоделски пазари и објекти за обработка, туристички места и индустриски паркови).

Проектот ќе финансира процена на капацитетите на општините и градење капацитети со што ќе му се помогне на Министерството за транспорт и врски (МТВ) да преземе поцврста улога во следењето на развојот и квалитетот на локалните патишта (2.7 милиони ЕУР). Процената на капацитетите на општините има за цел да ги оцени јаките и слабите страни на моменталниот систем и да предложи програма за унапредување на капацитетите, онаму каде што е тоа потребно. Градењето капацитети ќе биде насочено кон постојните капацитети и човечки ресурси во општините и ќе се фокусира на: (а) собирање податоци за патен инвентар; (б) користење на едноставен систем за следење на условите на патиштата(RAMS) и програма за одржување и рехабилитација на патиштата; (в) повторно навраќање на поплаки од граѓаните; (г) промовирање транспарентност во донесувањето одлуки; и (д) извршување активности за одржување на патиштата на поефикасен начин преку подобрени методи за доделување договори и меѓуопштинска соработка, онаму каде што е тоа соодветно. Техничката помош и градењето капацитети на МТВ ќе овозможи поддршка за: (а) развој на централни владини политики за општинските патишта; (б) дефинирање одржлив извор за финансирање и на капитални инвестиции и на одржување; (в) преглед и/или ажурирање на формулата за распределба која се користи за пренос на средства на општините преку ЈПДП; (г) развој на централен владин механизам за мониторинг на условите на општинските патишта; (д) спроведување преглед на капацитетите за безбедност на патиштата и давање препораки за институционални измени; (ѓ) изработка на насоки за климатски отпорно проектирање за локални и ниско-прометни патишта; и (е) координација со други чинители, вклучително ЗЕЛС и регионалните агенции за развој.

Цели

Цели за развој на проектот (ЦРП) се подобрување на владините капацитети за управување со локалните патишта и подобрување на пристапноста до пазари и услуги.

Компоненти

Проектот ги вклучува следните главни компоненти:

01

Унапредување на капацитетите

02

Рехабилитација на локалните патишта и објектите на заедницата

03

Поддршка при имплементација на проектот

04

Компонента за непредвидени итни реакции (КНИР)

Индикатори

ЦРП ќе се мерат со следните индикатори:

  • Број на пазари и услуги поврзани со подобрени, безбедни и отпорни локални патишта
  • Процент на корисници на проектот (поделени по род) кои искажале задоволство од патиштата кои се предмет на проектот
  • Општини кои користат едноставни методи за управување со актива развиени во рамки на проектот
  • Усвоен документ за национална политика за локални патишта