Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен асфалтен пат (раскрсница) и тротоари.
Со реконструкцијата се планираат следните активности:
- Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
- Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат, тампонски слој и дел од подтлото. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
- Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен до потребна збиеност.
- Изведба на предвидени слоеви на асфалт:
- Битуминизиран асфалтен слој БНС22 – 12см
- Вградување на слој АБ 11 – 4см
- Машинско прскање со битуменска емулзија
- Поставување на бетонски рабници
- Изведба на тротоари од павер елементи
- Нивелирање на постојни шахти.
- Поставување на дренажни цевки за атмосферски води.
- Електрични инсталации и осветлување
- Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација и изведување на светлосна сообраќајна сигнализација.