Изградба на локален пат: Прналија – Супруге

Со планираниот проект се предвидува реконструкција на постоен земјен пат. Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата од страна на овластено лице.
  2. Отстранување на горниот постоен слој
  3. Нивелирање и планирање на подтло до потребна збиеност.
  4. Изработка на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на потребни слоеви на асфалт:
    • Битуменизиран носив слој
  6. Полагање на цевки како припрема за оптика.
  7. Изведба на бетонски канали и пропусти за канализирање на атмосверската вода