За проектот

Меѓународната банка за обнова и развој (МБОР) им одобри на Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија 78.6 милиони ЕУР (90 милиони УСД) Заем за проекти за олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан (ПОТТЗБ). Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан (ПОТТЗБ) за Република Северна Македонија (РСМ) ќе биде поддржан со вкупно 26.2 милиони ЕУР (30 милиони УСД) заем од МБОР. Договорот за заем („Договор за заем“) помеѓу Северна Македонија („Заемопримач“) и Меѓународната банка за обнова и развој („Светска Банка“) беше потпишан на 6 јуни 2019 година, за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан („ПОТТЗБ“).

Проектот ќе се имплементира преку Повеќефазен програмски пристап (ППП). ППП ќе го олесни постигнувањето на целите на владите од Западен Балкан за намалување на трошоците за трговија и зголемување на ефикасноста во транспортот преку долгорочно, прилагодливо и континуирано ангажирање. Пристапот вклучува две фази и секоја ќе биде имплементирана во период од 5 години. Фаза 1 на ППП е финансирање од МБОР во износ од 90 милиони УСД, со која се опфаќаат 3 од Западен Балкан Шест (ЗБ6) кои се на највисоко ниво на подготвеност (Албанија, Северна Македонија и Србија). Таа вклучува комбинација на инвестиции, техничка помош и регулаторни и институционални реформи со примарен фокус на: а) усвојување и имплементирање на решение за Нов едношалтерски систем (НЕС); б) подобрување на граничните премини и граничните премини во одбрани трговски коридори; в) усвојување на Интелигентен транспортен систем (ИТС); и г) техничка помош и поддршка во имплементацијата на регулаторните и институционалните реформи потребни во согласност со конкретни обврски во рамки на Дополнителниот протокол 6 (ДП6). Фаза 2, проценета на 50 милиони УСД, ќе биде насочена на останатите корисници од Западен Балкан Шест. Фазата исто така ќе има за цел да ја продлабочи повеќе-секторската вклученост за да се надгради на активностите од фаза 1 кон постигнување намалување на трошоците за трговија и зголемување на ефикасноста во транспортот како долгорочен приоритет со задржување на високо ниво на посветеност и широк спектар на чинители.

Цели

Цел за развој на проектот во првата фаза е намалување на трошоците за трговија и зголемување на ефикасноста во транспортот во Албанија, Северна Македонија и Србија.

Општа цел на Проектот е да го олесни и унапреди пристапот до и размената на прекугранични податоци и информации помеѓу разни владини тела, и помеѓу владата и бизнис заедницата. Поконкретно, Проектот има за цел да обезбеди услови за поднесување податоци за увоз/извоз/транзит само еднаш и на едно место, како и услови за поефикасна координација на сите преку-гранични контроли и инспекции.

Компоненти

Проектот ги вклучува следните главни компоненти:

01

Олеснување на прекуграничното движење на стоки

02

Унапредување на ефикасноста и предвидливоста на транспортот

03

Подобрување на пристапот до пазарот на услуги и зајакнување на регионалните инвестиции

04

Поддршка за единиците за имплементација на проектот (ЕИП) и обезбедување дополнителна техничка поддршка

Индикатори

ЦРП ќе се мерат преку следните индикатори:

  • Вкупен трошок за трговија (збир на кумулативните трошоци за увоз и извоз на ЗБ6);
  • Трошоци за увоз (просек по пратка, поделено по корисници);
  • Трошоци за извоз (просек по пратка, поделено по корисници); и
  • Просечно време за шпедитерски транспорт на таргетираните коридори (поделено по коридори).