Преглед на постоечката состојба на граничните премини Деве Баир и Ќафасан и изработка на техничка документација - проект за реконструкција и/или надградба на објекти и инфраструктура
WBTTFP-8929-MK-CS-CQS-REoI-121A
Консултантските услуги вклучуваат изработка на техничка документација за подобрување на условите на граничните премини (ГПи) Деве Баир и Ќафасан. Целта на оваа задача е подобрување на пристапноста и олеснување на меѓународните движења и транзит движењето на лица и стоки помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ. Подобрата пристапност помеѓу Северна Македонија, Албанија и Бугарија ќе има позитивно влијание врз логистичките трошоци, ќе привлече повеќе меѓународни патници во патниот сообраќај и ќе ги зголеми економските можности за возачите на камиони на долги релации и за локалните патници.
Услугите ги вклучуваат следните компоненти:
- Компонента 1: Преглед на постојните физички услови на објектите на граничните премини и инфраструктурата на ГП Деве Баир и ГП Ќафасан;
- Компонента 2: Изработка на изведбени проекти за градежни работи за реконструкција/рехабилитација/надградба на објектите на граничните премини и инфраструктурата на ГП Деве Баир и ГП Ќафасан (изработка на документација за урбано планирање, изведбени проекти, технички спецификации и предмер/пресметки);
- Компонента 3: Обезбедување техничка помош во фазата на тендерирање за договори за градежни работи за ГП Деве Баир и ГП Ќафасан, ограничена на прашања и одговори во врска со соодветните изведбени проекти;
- Компонента 4: Обезбедување проширени услуги за проектирање во текот на соодветните градежни работи на ГП Деве Баир и ГП Ќафасан.