Преглед на капацитетите за управување со безбедноста на патиштата (ПКУБП) и подобрување на капацитетите за управување со безбедноста на локалните патишта на ниво на општини (локални заедници)

Реф. Бр.

LRCP-9034-MK–CS-CQS-A.1.2.3

Услугите ги вклучуваат следните задачи:

  • Задача 1: Преглед на капацитетот за управување со безбедноста на патиштата (ПКУБП). Процената и зајакнувањето на капацитетите на земјата за управување со безбедноста на патиштата се клучни за успешна имплементација на препораките од Извештајот на Светска Банка. Слабостите на капацитетите на една држава се застрашувачка бариера кон успех и суштинско е прашањето како да се забрза потребниот процес за премин од слаби кон јаки институционални капацитети за управување со цел испорака на подобри резултати во делот на безбедност на патиштата. Мора да се земат предвид постојното уредување на институционалното управување и водечките регулаторни и правни рамки. Препораките треба претпостават организиран процес со кој ќе се осигура дека иницијативите за институционално зајакнување се соодветно секвенционирани и прилагодени на капацитетите за абсорбирање и учење на предметната држава. Прегледот на капацитети ќе се заснова на Водичот за преглед на капацитетите за управување со безбедноста на патиштата и проектите за безбедни системи, публикација на Светска Банка – Канцеларија за глобална безбедност на патиштата. Прегледот исто така треба да ги земе предвид и 7-те стратешки цели на Политиките на ЕУ за безбедност на патиштата.
  • Задача 2: Подобрување на капацитетите за управување со безбедноста на патиштата на ниво на општини (локални заедници). Подобрувањето на управувањето со безбедноста на патиштата на ниво на општини (локално) е една од неопходните активности за безбедност на патиштата која води кон намалување на смртноста на патиштата. Во рамки на оваа задача Консултатот треба детално да ги претстави, и онаму каде што има потреба да направи дополителни анализи на сите институционални, регулаторни и технички активности како приоритетни активности на локално ниво во рамките на Задача 1. Се смета дека Консултантот ќе треба да направи дополнителни анализи, кои ќе се засноваат на резултатите од Задача 1:
  • Активност 1: Водич (правилник) за пресликување на институционалните реформи на локално ниво;
  • Активност 2: Операционализација на институционалните промени;
  • Активност 3: Обука на општинскиот персонал за имплементација на институционалните реформи на локално ниво.

Произлезени документи

Извештаи