Развој на системи за управување со локални патишта
Реф. Бр.
LRCP-9034-MK–REoI-A.1.1.4
Целта на задачата е да се обезбеди техничка помош и активности за градење капацитети кои ќе ги изградат капацитетите на централната и локалната власт за управување со локални патишта и улици, преку воведување цврсти рамки за планирање и владеење и подобрен пристап за склучување договори.
Услугите ги вклучуваат следните задачи:
Задача 1: Проектен менаџмент
- Поддршка за проектен менаџмент за МТВ и општините;
- Поддршка за мониторинг и евалуација за МТВ и општините;
Задача 2: Зајакнување на институциите
- Легислатива – Процена на моменталната состојба и изработка на национална политика/измена на легислативата за управување со локалните патишта;
- Финансирање – Процена на моменталната состојба и предлог национална политика/измени во делот на финансирање на локалните патишта;
- Инженеринг – Процена на моменталната состојба и изработка на предлог процедури за проектирање, изведба и одржување, земајќи ги предвид отпорноста и безбедноста;
- Систем за управување – Изработка на едноставен систем за управување и попишување на актива, и методологија за оддржливо планирање на општински приоритетни подпроекти, изработка на прирачници за управување со актива, поддршка за работната група за патен имот и обука на општинскиот персонал;
- Доделување договори за одржување – Процена на тековните видови на договори и стандарди за одржување, процена на идните потреби и давање препораки за алтернативни договори за одржување. Изработка на систем за мониторинг на капиталните трошоци и трошоците за одржување;
- Стратегија – Изработка на мапа на патишта за развој на суб-национален транспорт, вклучително и инфраструктура и услуги за мобилност.
Задача 3: Обука
- Институционални и оперативни анализи;
- Анализа на пропустите од претходни искуства и процена на потребите за обука;
Изработка и испорака на програми за обука на МТВ и општините.