Развој на национална стратегија за интелигентни транспортни системи

Реф. Бр.

WBTTFP-8929-MK-211A-CS-CQS

Консултантските услуги вклучуваат развој на национална стратегија за ИТС, усогласена со националната и меѓународната (ЕУ) правна рамка, како и план за нејзина имплементација. Конкретни цели на оваа задача се: идентификување на потенцијали и слабости во имплементацијата на ИТС од правен, институционален, технички и применлив аспект и развој на стратешки активности и мерки кои треба да се адресираат за целосно правно, институционално, техничко и оперативно употребување на ИТС на национално ниво, а во согласност со меѓународните стандарди. Активностите треба да опфаќаат период од 10 години и треба да дадат препораки за приоритетни области, и временска рамка за проекти, активности, иницијативи и политики, како и индикатори за известување за напредокот. Крајните испорачани услуги ќе се состојат од Национална стратегија за ИТС и Акциски план, кои ќе ги вклучат и финансиските потреби за кратко-, средно- и долгорочни активности. Обемот на работа на Консултантот ги вклучува, но не е ограничен на следните активности и испорачани услуги:

  • Преглед на постојните Национални планови, политички рамки, закони и подзаконски акти, национални планови за имплементација и други релевантни документи и препорака за измена и дополнување на постојните правни рамки и технички стандарди – Правен контекст;
  • Мапирање на чинителите и анализа – Институционален контекст;
  • Анализа на ситуации од имплементацијата на ИТС до денешен ден, идентификација на ограничувања и можности за продолжување и оддржлива имплементација – Технолошки контекст;
  • Идентификување на визија и мисија со стратешки цели/приоритетни области, врз основа на постојни секторски стратешки документи и преку процес на консултации и со примена на аналитички алатки – СВОТ анализа;
  • Предлагање опции за политички документи со кои ќе се остварат стратешките цели – Опции за политички документи;
  • Врз основа на изјавата за визија и мисија и стратешките цели на воведувањето ИТС, развивање на рамка со приоритети во примената на ИТС која ќе содржи информации за развој на кратко-, средно- и долгорочно сценарио за употреба – рамка со приоритети;
  • Процена на тековните пракси на стандардизација и потенцијали за учество на индустријата и проширувањена стандардизиран и компатибилен начин – Пазарен контекст;
  • Развој, валидација и предлагање сценарија за стратегија за набавка и трошоци – Стратешки финансиски план;
  • Предлагање институционални поставености за мониторинг на имплементацијата на стратегијата;
  • Предлагање план за постигнување цели во делот на архитектурата и стандардизацијата;
  • Предлагање план за имплементација со процена на буџет и одговорни тела – Акциски план со логичка рамка;
  • Организирање состаноци со чинителите со цел валидирање на подготвените документи пред да се предложи нацрт Стратегијата и планот за имплементација – Работилница со чинителите;
  • Предлагање мерки за постигнување цели за приоритетни области и индикатори за мониторинг на клучни резултати (мониторинг на имплементацијата и план за известување);
  • Контекст на животна средина – Во согласност со националната легислатива, Законот за животна средина, Консултантот преку МТВ треба да добие Одлука во врска со потребата (или непотребата) за изработка на Стратешка процена на животната средина (СПЖС) поврзана со влијанието на Стратегијата за ИТС врз животната средина.

Услугите ги вклучуваат следните главни задачи:

  • Задача 1: Секторска дијагностика;
  • Задача 2: Изјава за мисија и визија на ИТС;
  • Задача 3: Национална стратегија за ИТС со Акциски план;
  • Задача 4: Операционализација на Националниот центар за управување со сообраќај и примена на ИТС;

Произлезени документи

Извештаи