Рамка на проекти во општините и обуки на вработените во општините за одржливо повеќегодишно планирање за инвестирање и одржување на инфраструктурни проекти

Реф. Бр.

LRCP-9034-MK-CS-REoI-A.1.1.1

Целта на активноста е да обезбеди техничка помош и активности за градење капацитети за поддршка на локалните власти во изработката на повеќегодишна програма за инвестирање и одржување и изработка на рамка на проекти за финансирање во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта (ППЛП). Консултантот треба да направи процена на веќе изработените општински подпроекти кои се на различно ниво на изработка, како и да провери дали се совпаѓаат со техничките барања, барањата за безбедност на патот, отпорност на патот, како и барањата за животна средина и социјалните барања на ППЛП. За време на вршење на процената, Консултантот треба да изработи листа на приоритетни подпроекти кои треба да се финансираат во рамки на ППЛП. Консултантот треба да ги земе предвид сите релевантни и реални податоци за патиштата, како отпорноста, сообраќајот и трошоците за подобрување со цел да ја процени подготвеноста на проектите за локалните патишта за финансирање во рамки на 2-рата и подоцнежните фази на Проектот.

Услугите ги опфаќаат следните главни задачи:

  • Задача 1: Поддршка за општините при изработка на повеќегодишен (3 годишен) план за инвестирање и одржување, базиран на едноставен пристап со приоритизација. Планот за инвестирање и одржување ќе биде јасен план кој ќе ги земе предвид општинските подпроекти за понатамошно финансирање во рамките на Проектот. Соодветниот Акциски план ќе вклучува временска рамка за поставените цели и рокови за завршување за дополнително финансирање во рамките на ППЛП.
  • Задача 2: Припрема на листа со приоритетни подпроекти кои би се финансирале преку проектот. Листата ќе биде комбинација на добро разработени проекти и проекти на пониско ниво на изработка. Со примена на едноставен пристап со приоритизација, Консултантот треба да ги идентификува добро разработените проекти и проектите на пониско ниво на изработка, и истите да ги презентира на листа со приоритетни подпроекти за дополнително финансирање во рамките на ППЛП.
  • Задача 3: Процена на подготвеноста на проектите за листата на приоритетни подпроекти на ниво потребно за тендерска документација. Од консултантите се очекува да соработуваат со проектантите за да го забрзаат завршувањето на високо-квалитетни проекти. Консултантот треба да достави до општините и нивните проектанти детални коментари од технички, правен, социјален аспект и од аспект на животна средина.
  • Задача 4: Советување на општините за усогласување со Меморандумот за разбирање и Договорот за имплементација и давање предлози за анекси на таквите документи, доколку е тоа потребно. Во зависност од имплементацијата на договорите за изведба, пред почетокот на секој договор за изведба, соодветната општина треба да потпише Договор за имплементација (ДИ) со Министерството за транспорт и врски каде ќе бидат наведени сите задачи и одговорности на двете страни.
  • Задача 5: Обезбедување обуки за општинските власти за горенаведените процеси. Консултантот треба да обезбеди и имплементира обука за општинскиот персонал (најмалку 160 луѓе) за процесот за изработка на План за инвестирање и одржување – Рамка (ПИО) за инвестирање и одржување на локалните патишта, како и обука за процена на подготвеноста на проектите за листата на приоритетни подпроекти на ниво потребно за тендерска документација и изработка на листа на приоритетни подпроекти за финансирње во рамките на ЛЛПЛ.

Произлезени документи

Извештаи