Реконструкција на раскрсница на ул.Сремски фронт и ул. Борис Крајгер

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен асфалтен пат (раскрсница) и тротоари.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат, тампонски слој и дел од подтлото. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  3. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен до потребна збиеност.
  4. Изведба на предвидени слоеви на асфалт:
  5. Битуминизиран асфалтен слој БНС22 – 12см
    1. Вградување на слој АБ 11 – 4см
    2. Машинско прскање со битуменска емулзија
  6. Поставување на бетонски рабници
  7. Изведба на тротоари од павер елементи
  8. Нивелирање на постојни шахти.
  9. Поставување на дренажни цевки за атмосферски води.
  10. Електрични инсталации и осветлување
  11. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација и изведување на светлосна сообраќајна сигнализација.

Реконструкција на локална улица Панче Караѓозов

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен асфалтен пати тротоари.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат, постојниот тампонски слој и дел од подтлото Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  3. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен до потребна збиеност.
  4. Изведба на предвидени слоеви на асфалт:
  5. Битуминизиран асфалтен слој БНС22 – 7см
    1. Вградување на слој АБ 11 – 4см
    2. Машинско прскање со битуменска емулзија
  6. Поставување на бетонски рабници
  7. Изведба на тротоари од павер елементи
  8. Нивелирање на постојни шахти.
  9. Поставување на дренажни цевки за атмосферски води.
  10. Поставување цевки за оптички кабел.
  11. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација.