Реконструкција на дел од улица Мице Козар

Со планираниот проект се предвидува ревитализација на постоен коловоз и постоен тротоар. Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата од страна на овластено лице.
  2. Гребење на постоен асфалт.
  3. Нивелирање и планирање на подтло до потребна збиеност.
  4. Изработка на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на потребни слоеви на асфалт:
    • Абечки слој
    • Битуменизиран носив слој
  6. Прскање со битуменизирана емулзија помеѓу слоеви.
  7. Вградување на бетонски рабници.
  8. Реконструкција на постојни тротоари со павер елементи
  9. Нивелирање на постојни шахти.
  10. Полагање на цевки како припрема за оптички кабел.
  11. Обележување со вертикална и хор. сигнализација.