Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Реконструкција на улица “Лече Котески”, Општина Прилеп

2 март, 2021 @ 11:00 - 12:30

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Прилеп аплицираше со проект за Реконструкција на улица “Лече Котески”, Општина Прилеп.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде поставен на јавен увид на официјалните веб страни на:

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на

Општина Прилеп (http://www.prielp.gov.mk/) на 02.03.2021.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Детали

Датум:
2 март, 2021
Време:
11:00 - 12:30
Проект:

Организатор

Контакт
Phone
+38923145531
Email
saska.bogdanova.ajceva.piu@mtc.gov.mk
Категорија на настан:  Јавна презентација и видео консултација