Loading Настани

Реконструкција на улица Архиепископ Доситеј со краци, Општина Чаир

31 март, 2023 @ 08:00 - 28 јули, 2024 @ 17:00

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Чаир аплицираше со проект за “Реконструкција на улица Архиепископ Доситеј со краци, Општина Чаир”.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на

Општина Чаир (http://cair.gov.mk/ ) на 27.11.2021.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Детали

Почеток:
31 март, 2023 @ 08:00
Крај:
28 јули, 2024 @ 17:00
Проект:
Категорија на настан:  Известување за достапност на Контролна Листа на ПУЖССА