Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Рехабилитација на локален пат од с.Липково до брана Глажња во општина Липково

13 јули, 2021 @ 08:00 - 17:00

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Липково аплицираше со проект за “Рехабилитација на локален пат од с.Липково до брана Глажња”.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на

Општина Липково (Komuna e Likoves – Webfaqja zyrtare ) на 13.07.2021.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Детали

Датум:
13 јули, 2021
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан:  Известување за достапност на Контролна Листа на ПУЖССА