Loading Настани
  • Овој настан заврши.

Рехабилитација на улица 1 и 2 во н.м.Долни Балван, општина Карбинци

2 март, 2021 @ 08:00 - 17:00

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Карбинци аплицираше со проект за Рехабилитација на улица 1 и 2 во н.м. Долни Балван во општина Карбинци.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Карбинци (http://www.karbinci.gov.mk/ ) на 02.03.2021.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Детали

Датум:
2 март, 2021
Време:
08:00 - 17:00
Проект:
Категорија на настан:  Известување за достапност на Контролна Листа на ПУЖССА