Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Ново Село аплицираше со проект за “Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село”, во Оштина Ново Село.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде поставен на јавен увид на официјалните веб страни на:
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на
Општина Ново Село (http://www.novoselo.gov.mk/) на 02.04.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.