
- Овој настан заврши.
Реконструкција на локални патишта во н.м. Црничани, н.м. Фурка и н.м. Николиќ, општина Дојран
2 март, 2021 @ 10:00 - 11:30

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Дојран аплицираше со проект за Реконструкција на локални патишта во н.м. Црничани, н.м. Фурка и н.м. Николиќ.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде поставен на јавен увид на официјалните веб страни на:
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на
Општина Дојран (http://www.dojran.gov.mk/) на 02.03.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.