
- Овој настан заврши.
Изградба на ул.”Јосифово-Калково”, ул.”Балинци” и ул.”Новопроектирана 1 со крак 1”, општина Валандово
23 март, 2021 @ 10:00 - 11:30

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Валандово аплицираше со проект за Изградба на ул.Балинци, ул. Јосифово-Калково и ул.Новопроектирана 1 со крак 1,општина Валандово.
Согласно барањата и процедурите на Светска Банка во делот на животна средина и социјалниа спекти беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на Проектот.
Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Валандово (http://www.valandovo.gov.mk/ ) на 23.03.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.