Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Дебар аплицираше со проект за “Контролната листа на ПУЖССА за Реконструкција на улична мрежа во населено место Венец 1 ”.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за транспорт и врски http://www.mtc.gov.mk и на
Општина Дебар http://dibra.gov.mk/ на 05.11.2021.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.