Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен асфалтен пат и тротоарите.
Со реконструкцијата се планираат следните активности:
- Обележување на трасата за новопланираниот под-проект.
- Стругање и орапавување на постојниот асфалтен слој.
- Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
- Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен до потребна збиеност.
- Изведба на предвидени слоеви на асфалт:
- Битуминизран асфалтен слој БНС 16 – 7,0см
- Вградување на слој АБ 11 – 4см
- Машинско прскање со битуменска емулзија
- Вградување на бетонски рабници.
- Изведба на бетонски канали, пропуст цевки за одвод на атмосферска вода.
- Нивелирање на постојни шахти.
- Изведба на тротоари од павер елементи.
- Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација