Реконструкција на локален пат с.Габревци

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен асфалтен пат.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен слој, тампонски слој и дел од подтлото.
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен до потребна збиеност.
    1. Изведба на предвиден слој на асфалт:
  5. Битуминизиран асфалтен слој БНХС 16 -8см
  6. Изведба на бетонски цеваст пропуст.
  7. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација

Реконструкција на локален пат од Долно Липковиќ – Горно Липковиќ

Со планираниот проект се предвидува реконструкција  на постоен асфалтен пат и постојни тротоари. Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Гребење на постојна површина, основа и дел од подтло, отстранување на постојни тротоари.
  2. Обележување на трасата од страна на овластено лице.
  3. Нивелирање и планирање на подтлото до потребна збиеност.
  4. Изработка на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на потребни слоеви на асфалт:
    • Абечки слој
    • Битуменизиран носив слој
  6. Прскање со битуменизирана емулзија помеѓу слоеви.
  7. Вградување на бетонски рабници.
  8. Конструкција на нови тротоари, реконструкција и проширување на постојни тротоари
  9. Нивелирање на постојни шахти.
  10. Полагање на цевки како припрема за оптички кабел.
  11. Изведба на канафки и пропусти за атмосферска вода.
  12. Обележување со вертикална и хор. сигнализација.