Реконструкција на дел од локална улица Острец

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен дел од асфалтиран пат и тротоар.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат, постојниот тампонски слој и дел од подтлото.
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на предвиден слој на асфалт:
    1. Слој од битуменски асфалт  БНС 22- д=6,0см
    2. Слој од АБ 16-6см
  6. Прскање со битуменизирана емулзија помеѓу слоевите.
  7. Изведба на бетонски рабници.
  8. Изведба на тротоари со павер елементи.
  9. Изведба на површински земјани канали, цевки за одвод на атмосферска вода од корисниците.
  10. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација.

Реконструкција на локален пат Делчево – Тработивиште Л-1

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постоен земјан пат.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот земјан слој, постојниот тампонски слој и дел од подтлото
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на предвиден слој на асфалт:
    1. Слој од битуменски асфалт  БНС 16a -7см
  6. Вградување на бетонски рабници.
  7. Изведба на бетонски пропусти
  8. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација

Реконструкција на локална улица Орце Николов и ул. Скопска

Со планираниот под-проект се предвидува реконструкција на постојни асфалтирани улици како и постојни тротоари.

Со реконструкцијата се планираат следните активности:

  1. Обележување на трасата на новопланираниот под-проект.
  2. Отстранување на постојниот оштетен асфалтен пат, постојниот тампонски слој и дел од подтлото
  3. Нивелирање, планирање и збивање на подтло до потребна збиеност.
  4. Нивелирање и збивање на тампонски слој од дробен камен
  5. Изведба на предвиден слој на асфалт:
    1. Слој од АБ 11-5,0см
  6. Вградување на бетонски рабници.
  7. Нивелирање на постојните шахти.
  8. Изведба на тротоари со павер елементи.
  9. Изведување на вертикална и хоризонтална сигнализација