Активен
Ширина на асфалтен пат
7,0м
Тротоар (едностран)
2,5м - 5,0м
Со планираниот проект се предвидува ревитализација на постоен коловоз и постоен тротоар. Со реконструкцијата се планираат следните активности:
- Обележување на трасата од страна на овластено лице.
- Гребење на постоен асфалт.
- Нивелирање и планирање на подтло до потребна збиеност.
- Изработка на тампонски слој од дробен камен
- Изведба на потребни слоеви на асфалт:
- Абечки слој
- Битуменизиран носив слој
- Прскање со битуменизирана емулзија помеѓу слоеви.
- Вградување на бетонски рабници.
- Реконструкција на постојни тротоари со павер елементи
- Нивелирање на постојни шахти.
- Обележување со вертикална и хоризонтална сигнализација