Владата на Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка имаат потпишано Договори за заем за финансирање на Проект за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан P162043 (Договор за заем бр. 08929-МК) и Проект за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија P170267 (Договор за заем 09034-МК). Со цел успешна имплементација на двата проекти во Република Северна Македонија согласно роковите утврдени во Договорите за заем, го одредија Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски при имплементацијата на проектите ќе ја одржува Единицата за имплементација на проекти (ЕИП) со одговорност за целосно управување со проектите. Единицата за имплементација на проектите е формирана во ноември 2019 година во рамките на Министерството за транспорт и врски и се состои од 13 консултанти, одговорни за сите аспекти на управувањето со проектите, вклучувајќи планирање, координација со засегнатите страни, набавки, мониторинг, евалуација, известување, фидуцијарни функции и заштитни мерки.